Connect with us

Фудбал

Кандрева: „Поразите од Милан болат повеќе од било кој тим“

Фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева е многу разочаран по поразот од Милан (1:0) синоќа во четвртфиналето од Купот на Италија.

Елиминацијата боли. Имавме шанса да победиме, но ни недостасуваше малку среќа. Ова е големо разочарување за навивачите, изјави Кандрева.

Ова за Интер беше трет последователен пораз.

Губиме иако играме добро. Не ги користиме нашите шанси и тоа не чини скапо. Сега треба да се фокусираме на средбата со Лацио која е многу важна за нас, рече Кандрева.