Connect with us

Фудбал

Канте се опиша себесе: „Немој да ми кажуваш дека сум предобар“

Н’Голо Канте беше во центарот на вниманието изминатите неколку недели, особено по маестралното издание во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

За Канте е кажано и напишано многу. Буквално сите се согласуваат за една работа, а тоа е дека Канте е најскромниот и најдобриот фудбалер на светот.

30-годишниот играч за врска се стекна со огромна популарност поради неговото однесување и посветеност на теренот, но како што вели тој само сака да биде нормална личност.

„Се обидувам да го сторам тоа што секогаш го правевме, да бидам природен, да дадам се од себе на теренот, да ги израдувам навивачите, тоа го правиме со одредено задоволство“.

„Вистина е дека понекогаш може да имате репутација на предобар, но јас сум само нормална личност, еден од многуте играчи“, рече Канте.

„Не мора да ми кажуваат дека сум најдобар, јас сум само играч како и сите други. Понекогаш е премногу. Не мора да биде така. Добро се сложувам со соиграчите, имам добра врска со луѓе што ги среќавам на улица“.

“Не треба да правите премногу. Понекогаш тоа го „убива“ човек и е непотребно“, рече Канте.

Скромноста и понизноста се главните човечки квалитети на Канте. Неуморен работник, тактичка дисциплина, читање на играта, совршени стартови и многу повеќе го красат како играч.

Можеби најценетиот играч на денешницата играше во третото ниво на францускиот фудбал пред десет години. Пример дава во највисок ранг, тој дебитираше дури во 2014 година, кога имаше 23 години.

Канте најмногу се гледа на теренот со широка насмевка на лицето. Тој беше таков на церемонијата се додека не ја виде неговата мајка. Насмевка на сите, а само нејзините солзи радосници и прегратките за пресреќното дете.

Веќе се шпекулира за Канте како потенцијален освојувач на Златната топка за оваа сезона, особено во случај Франција да стане новиот европски шампион.