Фудбал
Капело за Рангник: Тој досега направи неважни работи
Поранешниот тренер на Милан, Фабио Капело изјави дека Ралф Рангник не е најдобро решение за „Росонерите“.
Во последните месеци италијанските медиуми интензивно пишуваат за фактот дека Германецот ќе го замени Стефано Пиоли на клупата на Милан и дека ќе добие големи овластувања на „Сан Сиро“, но Капело не е многу воодушевен од тоа.
Овој искусен стручњак изјави дека Милан треба да продолжи по патот на Пиоли, кој, како што вели, го изградил идентитетот на тимот.
„Не го познавам. Тој направи интересни, но неважни работи во Германија и доаѓа во шампионат што тој навистина не го знае“, вели Капело, додавајќи дека, тоа најверојатно ќе биде уште една загубена сезона за Милан.
Тој не застана тука.
„Пиоли изгради тимски идентитет што не постоел претходно. „Росонерите“ треба да го следат овој пат. Со неколку засилувања тие би можеле повторно да станат конкурентни со најдобрите“, рече Капело.