Connect with us

Фудбал

Капитени на 7 европски селекции се откажаа, нема да носат ленти за поддршка на геј популацијата, но една новинарка го стори тоа (ФОТО)

Капитените на селекциите на Англија, Холандија, Велс, Велгија, Швајцарија, Германија и Данска нема да носат ленти со „Една љубов“, кампања за поддршка на геј популацијата која беше лансирана во Холандија. Имено, ФИФА е против, поради земјата домаќин на Мундијалот, која забрани било какво изразување на поддршка, но и присуство на геј популација на ова светско првенство.

Како што велат од овие Федерации, одлука донеле бидејќи поради непочитување на правилата можат да бидат санцкионирани од ФИФА, или пак, судијата на самиот старт да им покаже жолт картон како опомена. Поради тоа, како што велат, нивниот прв мотив е да играат фудбал, па не сакаат уште на самиот старт да добиваат картони.

Но, кога не можат фудбалерите, можат новинарите.

Англиската новинарка, Алекс Скот го направи тоа што ФИФА им го забрани на фудбалерите. Носеше таква лента од денешното известување од мечот меѓу Англија и Иран.