Connect with us

Фудбал

Капитенот по 12 години го напушти Ливерпул, замина во Саудиска Арабија, поради Стивен Џерард или милионите?! (ВИДЕО)

Џордан Хендерсон е новото засилување на Ал Етифак. Клубот кој од клупата го води Стивен Џерард донесе ново засилување во вид на долгогодишниот капитен на Ливерпул, човек кој 12 години го носеше дресот на клубот од „Енфилд“. Тој му се приклучи на Ливерпул во 2011 година од Сандерленд, а само неколку години подоцна, во сезоната 2013-14 кога ја пропуштија титулата, се смести во стартниот тим. Интересно, Ливерпул од неговиот трансфер заработи 12 милиони фунти, плус бонуси. Ќе признаете, одлична сума за 33-годишен фудбалер. Вирџил Ван Дијк најверојатно ќе ја преземе командата на тимот на теренот, односно капитенската лента.