Connect with us

Кошарка

Кари ја помина границата од 15.000 поени во НБА

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари стигна до бројката од 15.000 поени во НБА-лигата.

Триесет годишниот Кари на натпреварот одигран ноќеска на домашен терен против Мемфис, постигна 20 поени и ја мина границата од 15 илјади поени.

Ѕвездата на актуелниот шампион, стана само 145. играч со вакво достигнување во  историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

МИА