Тајмаут
Кариус се огласи: Фудбалерот на Манчестер со својот коментар заслужува почит
Германскиот чувар на мрежата, Лорис Кариус, денес е еден од најтажните луѓе во светот.
Кариус во големото финале на Лигата на шампионите против Реал Мадрид направи две катастрофални грешки кои засекогаш ќе му ја одбележат кариера, а само два дена по средбата собра сила за да се огласи на својот Инстраграм профил.
Тој испрати многу тажна порака и им се извини на навивачите на Ливерпул кои ги изневери.
“Не сум спиел досега … сцените се уште ми минуваат низ главата, одново и одново … Неописливо ми е жал за соиграчите, навивачите и за стручниот штаб. Знам дека уништив се со две грешки и дека сите ве изневерив. Како што веќе реков, би сакал да можам да го вратам времето назад, но тоа едноставно не е можно. Што е уште полошо, сите веруваме дека можеме да го победиме Реал Мадрид и бевме во игра долго време. Благодарение на нашите големи фанови кои дојдоа во Киев и ми го штитеа грбот, дури и по натпреварот. Не го земам тоа здраво за готово и тоа уште еднаш ми покажа какво семејство сме ние. Ви благодарим на сите и ќе се вратам уште посилен “, напиша Кариус на Инстаграм.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик оставил коментар за почит: “Остани силен Лорис, ти си добар голман.”