Connect with us

Други спортови

Карлос Сајнц Џуниор ќе се натпреварува за Мекларен во 2019 година

Карлос Сајнц Џуниор ќе се натпреварува за тимот на Мекларен во 2019 година.

Дваесет и три-годишниот Шпанец потпиша повеќегодишен договор со тимот, заменувајќи го својот сонародник Фернандо Алонсо.

Сајнц во моментов е на 11-тата позиција во шампионатот со тимот на Рено, со освоени 30 поени.

– Карлос е дел од легендарно семејство. Исклучително сме возбудени да го пречекаме како пилот на Мекларен. Го следиме извесно време и го оценуваме многу високо меѓу следната генерација млади таленти кои се пробиваат во Формула 1. Не е тајна дека Карлос е вистински обожавател на Фернандо и се гордее дека ќе го заземе местото на една легенда во моторниот спорт, изјави шефот на тимот, Зек Браун.

Сајнц пак изрази исклучителна радост дека се приклучува кон британскиот тим.

– Го очекував овој момент подолго време и сум многу возбуден дека започнувам ново поглавје од мојата кариера. Откако се сеќавам, јас сум фан на Мекларен. Тоа е тим со огромно наследство, а пилотите на тимот се меѓу хероите на Формула 1. Фернандо е еден од нив, па затоа е посебно чувството да бидам дел од следната генерација шпански пилоти зад воланот на Мекларен, изјави пилотот.