Фудбал
Касемиро: Чувствувам поголем притисок играјќи „Counter Strike“ отколку на Сантијаго Бернабеу
Бразилскиот фудбалер Касемиро има друга страст во животот, а тоа се видеоигрите, особено „Counter Strike“ или „CSGO“.
Тој признава дека редовно играл „Counter Strike“ и учествувал на сцената во „Е-СПОРТ“ како професионален гејмер. Тој отвори профил на популарниот „Twitch“ каде им покажува на фановите како игра низ стримовите.
„По отворањето на каналот на „Twitch“, комуникацијата со навивачите е многу подобрена, луѓето се поблиску до вас. Тие се поблиску до играчот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил. Ми поставуваат прашања и кога можам, одговарам“, рече Касемиро.
„Понекогаш чувствувам поголем притисок додека играм „Counter Strike“ додека луѓето ме гледаат отколку кога играм фудбал на Сантијаго Бернабеу пред публика“, додаде тој со смеа.
Тој признава дека е срамежлив и дека не се надеваше дека ќе ја вклучи камерата и ќе игра игри пред многу луѓе. Тој вели дека многу бразилски фудбалери, вклучувајќи ги Нејмар или Габриел Жесус, исто така играат „Counter Strike“ и, исто така, ги пренесуваат своите настапи преку „Twich“.