Connect with us

Фудбал

Касиљас не се откажува и покрај мозочниот удар: Еве што се надева дека ќе направи

Икер Касиљас не се откажува и покрај своите 38 години и здравствените проблеми.

Поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто, кој претрпе мозочен удар минатиот мај, изјави: „До март ќе продолжам да бидам под терапија, потоа врз основа на резултатите и мислењето на доктори, ќе одлучам дали ќе ризикувам “.

“Во моментот е важно да бидам мирен, ако повлекувањето е неизбежно, јас ќе го објавам тоа. Се надевам дека ќе се вратам да играм, но ќе го сторам тоа ако не е опасно”.