Ракомет
Катар ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Ангола
На првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство во ракомет, Катар очекувано ја совлада Ангола (30:25).
Иако на СП пристигнаа ослабени, Катар влезе во дуелот со Ангола како апсолутен фаворит. На крајот, тој ја оправда таа улога, иако на самиот почеток, не одеше сè според планот во Катар.
Ангола имаше резултатска предност во поголемиот дел од првото полувреме, но сепак Катар замина на пауза со вишок од еден гол (14:13).
На почетокот на второто полувреме, Катар замина на 17:13 со серија од 3: 0 и не ја загуби предноста до крајот за конечни 30:25.