Connect with us

Фудбал

Катар претстави нов стадион кој изгледа навистина спектакуларно

Катар отвори уште еден стадион изграден за Светскиот куп на ФИФА во 2022 година.

Стадионот Ахмад Бин Али, кој се наоѓа на 24 километри западно од Доха, има капацитет од 40 000 гледачи и беше полуполн на воведниот фудбалски натпревар, а сите присутни претходно беа тестирани за коронавирус или антитела.

Тоа беше едно од најголемите спортски собири од почетокот на пандемијата, по рагби натпреварот одигран на Нов Зеланд на почетокот на оваа година пред повеќе од 20 000 гледачи.

„Ова е доказ дека сме способни да организираме големи настани. Одамна немавме толку многу луѓе на едно место“, рекоа организаторите.

На овој стадион ќе се играат седум натпревари на Светското првенство, а во Катар треба да се отворат уште четири стадиони.