Connect with us

Ракомет

Катастрофално прво полувреме против Шпанија

Македонија вечерва го одигрупа првиот натпревар од 2. коло на Европското првенство во Хрватска.

Вториот по ред напад на Македонија заврши без успешно на самиот старт од натпреварот.  Шпанија тргна со +2 во првите 5 минути од натпреварот.  Жолт картон Филип Кузмановски доби по нападот на Шпанија, по што постигнаа и гол. Шпанија во 6. минута стигна и на +3, откако капитенот Лазаров не успеа да постигне гол, а ние напаѓавме со празен гол, па таа шанса ја искористија Шпанците и постигнаа гол (0-3).

Во 6. минута грешат Шпанците, Макеоднија ја искористува таа шанса и брзо враќа кон противникот.  Седум метри за Македонија, Лазаров изведува и го постигнува првиот гол за Македонија. Шпанија остана со играч помалку.

Жолт картон за Стојанче Стоилов во 7. минута, Шпанците искористија удар од 7 метри и левото крило на Шпанија постигна гол (1-4).

По +5 за Шпанија, селекторот на Македонија побара тајм-аут.

Манасков од седум метри успеа да ја намали разликата на 2-4. Во салата во Вараждин имаше присутни околу 20 навивачи, па може да кажеме дека Македонија играше дома.

Дополнителен хендикеп за нас беше повредата на Лазаров, кој се пожали на болки на задната ложа и мораше да биде повлечен во игра. Агинагалде, На негово место влезе младиот Мартин Велковски, кој направи неколку грешки во додавањата и се чини чувствуваше преголем притисок на дебито на ЕП.

Хулен Агинагалде продолжи да ја решета нашата мрежа, а негативата на Македонија се искачи и на највисоки +7 (5-12) во 25. минута од првиот дел. На гол не се израдувавме цели 12 минути, а противникот во тој период направи серија од 7-1 и замина на пауза со 6-15. Стоилов го намали водството со гол во последната секунда од полувремето.