Кацигата се преполови: Италијански велосипедист почина откако удри во бетонски столб

Голема трагедија се случи на велосипедската трка „Баса Вале Скривија“ каде Џовани Јанели имаше несреќа, а подоцна почина во болницата.

Оваа трка беше при крај, а потоа се случи голема трагедија во финишот во која загина 22-годишниот Јанели. Поточно, дождот ги придружуваше велосипедистите низ целата трка што беше причина за несреќата на крајот.

Јанели возеше со 60 километри на час со својот велосипед, а потоа изгуби контрола и се удри во бетонски столб. Од силата на ударот, неговата кацига се преполови, оставајќи го во несвест.

Лекарите реагирале експресно и го пренеле Јанели во блиската болница, а италијанскиот велосипедист паднал во кома. Тој имал внатрешно крварење поради сериозен удар во главата, а кога се разбудил од кома докторите не можеле да направат ништо за да го спасат.

Неколку часа подоцна беше објавено дека Јанели починал, што претставува неверојатна загуба за овој спортот. Лекарите се обидоа да го спасат Јанели на операција, но за жал не успеаја.

Јанели беше еден од најголемите надежни во велосипедизмот во Италија, и од него многу се очекуваше во иднина. Тој сакаше да патува низ светот и да скија, а исто така беше огромен обожавател на Милан.