Connect with us

Фудбал

Казната на УЕФА за Англија пристигна, и изгледа смешно

Неколку инциденти беа видени на полуфиналниот дуел на Европското првенство помеѓу Англија и Данска.

Англија победи со 2:1 по продолженијата. Победничкиот гол го постигна Хари Кејн од вториот обид откако неговиот пенал претходно го бранеше Каспер Шмајхел.

По тој повод, навивачите на Англија со ласер светеа во очите на данскиот голман и го попречија во клучниот момент од натпреварот.

Покрај тоа, беа пријавени два инциденти. Неодговорните навивачи ја исвиркаа данската химна, додека некои палеа факели.

УЕФА денес ја објави казната за ФС на Англија и изгледа смешно бидејќи казната е мизерни 30.000 евра.

Со оглед на повеќемилионскиот буџет и огромната заработка од спонзорите, сумата што ФА ќе треба да ја плати на УЕФА, изгледа смешна.

Англија ќе игра против Италија во финалето, кое е закажано за 11 јули. Англичаните повторно ќе бидат домаќини бидејќи натпреварот повторно ќе се игра на „Вембли“.

Финалето ќе го суди Бјорн Кујперс. 48-годишникот е познат судија во Европа, а познат е и по тоа што е најбогат судија во светот.

Неговото богатство се проценува на 13,5 милиони евра, а го стекна со основање на ланецот супермаркети Џамбо Кујперс.

Патем, за Англичаните ова ќе биде прво финале во историјата на европските шампионати и прво финале на големо натпреварување од 1966 година. Италија, пак, го игра четвртото евро-финале, губејќи од Франција во 2000 година и Шпанија во 2012 година.