Connect with us

Фудбал

Казорла има нов клуб, навивачите на Арсенал и среќни и тажни

Искусениот шпански играч од средниот ред Санти Казорла денес има нов клуб.

Казола го напушти Арсенал и потпиша со Виљареал. По шест години, тој одлучи да се врати во својот прв професионален клуб.

Казорла имаше тешко време зад него, ја пропушти сезоната поради повредата на тетивата на петата, а на крајот одлучи дека е најдобро за него, и за Арсенал е да најде нов клуб.

Триесет и петгодишниот Шпанец сега е член на Виљареал, ќе видиме кога ќе биде подготвен да игра, но сигурно е дека во „Жолтата подморница“ ќе чека нестрпливо да истрча на Ел Мадригал.

Интересно е тоа што навивачите на Арсенал се поделени, па затоа некои пишуваат дека ова е “среќа и тага”. Жала им е што остануваат без вистинскиот мајстор и фудбалски волшебник, но исто така се среќни што може да им дадат место на некој помлад, поспремен…