Фудбал
„Ќе го молите Роналдо да престане да дава голови“
Напаѓачот на Јувентус Федерико Бернардески е еден од еуфоричните играчи во составот на Јувентус.
Јувентус во сезоната влезе со цел конечно да го освои долко посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, а во таа намера на „Бјанконерите“ треба да му помогне и Кристијано Роналдо за кого беа одвоено нешто повеќе од 100 милиони евра.
Португалскиот фудбалер по три натпревари се уште нема постигнато гол за Јувентус, но Бернардески не е загрижен и смета дека Роналдо за брзо време ќе почне да ги полне противничките мрежи.
„Чест е да се соработува со Роналдо, од него се обидуван многу да научам, затоа што е голем и вистински мајстор. На теренот е нормален тип и многу позитивен. Тоа што нема постигнато гол можеби му создава притисок, но наскоро кога ќе започне, ќе го молите да престане“, изјави Бернардески.
Од друга страна, Јувентус одлично ја започна сезоната и воведните три кола освои максимални девет бодови.