Connect with us

Фудбал

Ќе го нервирам и следниот тренер

Фудбалерите на Челзи ја загрозија четвртата позиција во Премиер лигата откако го загубија саботниот дерби натпревар против градскиот ривал Арсенал (2:0). По натпреварот, најверните фанови на “сините” беа сложни во констатацијата дека од сите играчи, најлошо одиграл белгискиот интернационалец Еден Азар.

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, потврди дека има сериозен проблем затоа што не може да мотивира неколку играчи, а во таквата изјава се пронајде и офанзивниот играч за врска.

  • Не го нервирав само Конте. Кога е во прашање мојата кариера, голем е бројот на тренери кои ги губеле живците поради мене, а сега имам чувство дека го нервирам и Сари. Еден период го нервирав и Жозе Мурињо. Сите тие мислат дека јас треба да постигнувам повеќе погодоци, да играм уште подобро. Знам дека не можат да ме поднесат, но голема е веројатноста дека ќе го нервирам и следниот мој тренер, изјави Азар.

Со ваквата изјава најголемата ѕвезда на “Стемфорд Бриџ”, индиректно најави дека е можно да ја прекине соработката со “сините”. Репрезентативецот на Белгија веќе со години важи за најголема желба на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Челниците на “кралскиот клуб” се подготвени да одвојат околуѕ 120 мил. евра за обештетувањето на Азар кој има договор со лондонскиот премиерлигаш до 30. јуни 2020 година.