Connect with us

Ракомет

Ќе има ли инцидент во Кожани, Грците со закани за напуштање на теренот

Грчките ракометари денеска би можеле да го напуштат теренот во Кожани каде попладнево треба да се игра кфалификационен меч најавува првиот човек на грчкиот ракомет, Костас Гантис, пренесува порталот „Екипа“.

Претседателот на Ракометната Федерација на Грција на прес-конференција најави дека неговата селекција е подготвена на слично сценарио на она од пред една година, кога на шампионатот за младинки во Скопје грчкиот национален тим се повлече на самиот почеток од дуелот со нашата репрезентација бидејќи на дресовите пишувало Македонија.

-Дефинитивно ќе го напуштиме теренот. Повторувам, на ова гледаме како на спортски меч, а соседната земја треба да го користи името со кое е признаена меѓународно, се останато би довело до несакан след на околности. Сепак, да бидам искрен годинава бевме на Европско младински првенство во Скопје и немаше никакви проблеми. Исто така, по ждребот во Трондхајм имавме средба со претставници на федерацијата на соседната земја и начелно се договоривме да не се повторат несакани случки како оние од минатото лето во Скопје, одговори Гантис на прашањето што би се случило доколку има провокации од страна на гостите.

Мечот започнува во 16 часот.