Connect with us

Други спортови

„Ќе изгубам, земам 12.000 евра и си одам дома, совршено“

Новата контроверзна изјава крена голема прашина во светот на тенисот.

По поразот во првото коло на Мастерсот во Монте Карло, Паир уште еднаш привлече внимание кон себе кога станува збор за заработка од тениски турнири.

Французинот рече дека воопшто не му е грижа што загуби од Џордан Томпсон по три часа игра со 6:4; 6:7; 7:6.

„Не ми е гајле за овој натпревар. Ќе направам уште еден дабл и ќе одам дома, два часа возење. Доаѓањето на вакви терени ме фрла во депресија“, рече Паир.

„Да се ​​дојде во Монте Карло на еден од најдобрите светски турнири и да се види како е празно е навистина тажно. Се чувствувам мизерно на теренот“.

„Но, јас заработив 12.000 евра. Некои ќе речат дека зборувам за пари, но зедов 12.000 за да бидам во хотел и потоа да одам дома. Совршен“.

Во последните недели Паир изјави дека некои играчи земаат 30.000 евра за да освојат АТП турнир, додека тој успева да заработи 10.000 за пораз во првото коло на Мастерс или Грен слемот.

Инаку, 31-годишниот Французин во моментов е 35. на АТП-листата.