Фудбал
Ќе остане ли Погба во Јунајтед?
Фудбалската иднина на францускиот играч за врска Пол Погба е една од главните медиумски теми на Островот.
Имено, од крајот на минатата сезона се шпекулираше дека Погба ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед во овој преодниот рок, а ПСЖ се споменува како негов нов клуб.
Договорот на Погба со Јунајтед е обврзувачки до летото следната година, и иако јавно се објавуваат преговори за нов договор, реалноста е дека челниците на клубот ќе го продадат.
И токму затоа тие сè повеќе размислуваат за иднината на тимот без францускиот репрезентативец и каде ќе ги потрошат парите од неговата продажба.
Сепак, иако челниците на ПСЖ го сакаат во своите редови и се подготвени да издвојат огромна сума пари за него, навивачите на францускиот клуб не се во негова корист.
Неодамна дури се појави и парола на улиците на главниот град, според која е јасно дека Погба не е добредојден во ПСЖ.
„Погба, слушај ја мама. Таа не те сака тука, а не те сакаме ниту ние“, му порачаа навивачите на ПСЖ на францускиот репрезентативец.
Да потсетиме, Реал е заинтересиран и за Погба, а неодамна се споменуваше и неговото враќање во Јувентус, каде остави голема трага.
Како и да е, во следните неколку дена ќе се знае каде одличниот играч за врска ќе ја продолжи кариерата, но се чини дека повторно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.