Фудбал
Ќе „преживее“ ли Германија? За тоа се прашува и Јапонија
Послетното 3.коло од Групата Е, на програмата е вечерва во 20 часот. Се играат два меча. Шпанија се среќава против Јапонија, додека Германија против Костарика. Шпанците се во осминафиналето, а кој ќе им се приклучи ќе биде познато вчерва некаде околу 22 часот.
Германија секако е фаворит против Костарика, се очекува нивна победа, но за пласман понатаму се прашуваат и Јапонците. Тие имаат 3 бодови, додека Германците имаат 1. Доколку Јапонија остане непоразена со Шпанија, според моменталната гол разлика, на постигнати и примени голови, тогаш Јапонците ќе одат понатаму. Сепак, доколку Германија победи со повеќе од 2 гола разлика, а Јапонија одигра реми, тогаш ќе имаат ист број бодови, по 4, но во овој случај Германците ќе одат во осминафиналето бидејќи ќе имаат подобра гол разлика, односно повеќе постигнати голови. Во секој случај, математиките ќе се прават вечерва, а оние неутралните фанови, најмногу што посакуваат е добар фудбал.