Фудбал
ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ЛИ ОВА: Мане во Реал Мадрид, а Мбапе во Ливерпул?
Садио Мане и Килиан Мбапе се главните протагонисти и триаголникот за преговори кој треба да започне, Ливерпул, ПСЖ и Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач иако важи за миленик на Зинедин Зидан ќе биде тешко изводлива инвестиција за мадриѓани.
Мане е проценет на 150, а Мбапе на дополнителни 100 милиони евра. Наводно, новиот спонзор на премиерлигашот „Најк“ ќе помогне во доведување на ѕвездата на екипата од Париз.