Connect with us

Фудбал

Кејн може да се врати за битките со Дортмунд

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн може да се врати порано отколку што се очекуваше. 25-годишниот фудбалер претрпе повреда на левиот зглоб во поразот со 0:1 од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата на 13-ти јануари. Се очекуваше да се опоравува околу шест недели.

Кејн изјави дека оваа недела претстојуваат тестови, но тој не брза со враќањето на теренот

– Закрепнувањето оди добро. Неделава претстојат нови тестови. Сакам да почнам да тренирам со топка, но ќе видиме како ќе реагира глуждот. Се оди нормално, но мора да бидам сигурен дека сум целосно подготвен и тогаш ќе се вратам на теренот, изјави напаѓачот за „Скај Спортс“.

Англичанецот се очекува да биде во форма за реваншот со Борусија Дортмунд на 5 март. Не е јасно дали тој ќе биде подготвен за првиот осминафинален натпревар помеѓу двата тима во Лигата на шампионите на 13 февруари.

Фудбалерот на Тотенхем синоќа замина во Атланта за да го следи финалето на НФЛ – „Супербоул“.