Connect with us

Фудбал

Кејн: Целосно сум посветен на Тотенхем

Хари Кејн потврди дека е целосно посветен на Тотенхем и дека не размислува за Манчестер Сити, со кого беше поврзуван во текот на летниот преоден рок.

„Немам дилеми или сомнежи. Очигледно е дека се крена голема врева, што е нормално кога сте врвен спортист. Знам како да се справам со тоа. Имам добри луѓе околу мене, семејство и пријатели, одличен тренер. Очекувам дека во продолжение на сезоната, и јас и клубот ќе играме многу подобро. Целосно сум посветен на Тотенхем“ , истакна одличниот напаѓач.

Во последно време, Кејн е далеку од вистинската форма. Не блескаше ниту во репрезентацијата. На натпреварот против Унгарија, кој заврши 1:1, тој ја прекина серијата од 15 квалификациски натпревари во кои постигна голови.

„Тоа не е крај на светот. Се обидов, но не успеа. Имам голема самодоверба и ќе бидам подготвен за предизвиците кои доаѓаат”

Кејн ќе го предводи нападот на Тотенхем на натпреварот против Њукасл во рамките на Премиер лигата во недела во 17:30 часот.