Фудбал
Кејн за нереализираниот трансфер во Сити: Имам чиста совест
Капитенот на Тотенхем и најдобар стрелец Хари Кејн вели дека има чиста совест по нереализираниот трансфер во Манчестер Сити.
Шампионот на Англија сакаше да го донесе Хари Кејн, но исто така и тој сакаше да се приклучи на клубот со кој конечно ќе освои трофеи. Мислеше дека има џентлменски договор со претседателот Даниел Леви да го напушти Тотенхем ова лето.
Меѓутоа, тоа не се случи. Тотенхем не сакаше да го пушти. Впрочем, Кејн има договор со клубот уште три години. До 2024 година.
Потоа се случи нешто како бојкот, но Кејн верува дека најновите настани не го нарушиле неговиот углед.
„И претходно реков дека навивачите имаат право на свое мислење. Но, очигледно е дека понекогаш тие не ја разбираат целата приказна за она што се случува. Можам само да кажам дека од моја гледна точка, имам чиста совест и единственото нешто што треба да направам е да продолжам да го правам она што отсекогаш го правев“, го цитира Би -Би -Си Хари Кејн на собирот на англиската репрезентација во пресрет на квалификациите за Светското првенство.
Откако и помогна на Англија да стигне до финалето на ЕВРО 2020 во јули, Кејн не се појави во Тотенхем за закажани тестови за коронавирус во почетокот на август. Подоцна издаде соопштение во кое вели дека „никогаш не одбил да тренира“.
Harry Kane: England captain has 'clear conscience' after Manchester City transfer saga https://t.co/AFGbkj3P0c
— BBC News (UK) (@BBCNews) August 31, 2021
Во меѓувреме, тој се врати во тимот и со два гола му помогна на тимот во реванш натпреварот од плејофот за Конференциската лига против Пакос Фереира.
„Знам дека многу се зборува и многу се прашува, но останувам фокусиран на она што треба да го направам. Секој сака да знае за секоја ситуација што се случува во текот на летото, но како што реков, јас сум фокусиран на она што следува и на иднината“, гласеше дипломатскиот одговор.
Англија во наредните денови ќе игра против Унгарија, Андора и Полска во квалификациите за СП.
World Cup qualifiers. We’re ready to go. ???? pic.twitter.com/jgl8uvh55f
— Harry Kane (@HKane) September 1, 2021