Connect with us

Тајмаут

Келнерката го обвини Раиконен за сексуално злоставување: Ме фаќаше за градите…

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, е обвинет за сексуално злоставување од страна на неименуваната келнерка.

Жртвата го пријавила финскиот возач за сексуално злоставување за време на Големата награда во Монтреал во 2016 година каде што работела во барот како келнерка.

Наводно, Раиконен ја „зграпчил“ за градите против нејзина волја, додека остатокот од неговото друштво ја допреле по интимните делови кога им ја донела сметка на маса.

Според канадските медиуми, Раиконен ги отфрли наводите за злоставување и тврди дека не ја знае засегнатата жена, но случајот најверојатно ќе заврши на суд.

Финскиот возач ќе отпатува за Канада во наредните денови, бидејќи трката за Големата награда на Канада ќе се одржи на 10 јуни во Монтреал.