Connect with us

Фудбал

Ќерката на легендата на НБА заврши во инвалидска количка по фудбалски натпревар (ВИДЕО)

Тринити Родман (22), ќерка на легендарниот НБА кошаркар Денис Родман, го напушти фудбалскиот натпревар на својот тим „Вашингтон спирит“ во инвалидска количка поради голем проблем со грбот.

Тринити е една од најталентираните американски фудбалерки и за разлика од нејзиниот татко, таа не избра да игра кошарка. Иако има само 22 години, таа веќе забележа 46 настапи за репрезентацијата на САД, вклучувајќи ги и настапите на Олимписките игри. Сепак, синоќа таа се најде во центарот на вниманието поради лошата среќа што ја снајде. Ќерката на познатиот НБА кошаркар доживеала силен грч во грбот поради што била принудена да го напушти теренот во солзи и во инвалидска количка. Тринити Родман колабираше на теренот во 75. минута од натпреварот по контакт со противнички играч, а потоа неуспешно се обиде да излезе од теренот. Лекарите морале да реагираат, а со помош на инвалидска количка ја извадиле плачејќи од теренот.