Connect with us

Фудбал

Ќерките на Диего Марадона се противат на натпреварот помеѓу Бока и Барселона

Барселона и Бока Јуниорс на 14 декември ќе одиграат пријателски натпревар на годишнината од смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона.

Неговите потомци, пак, не се многу воодушевени од организираниот натпревар, бидејќи сметаат дека сето тоа е своевидна експлоатација на името на познатиот фудбалер.

Натпреварот помеѓу поранешните тимови на Диего се игра во Саудиска Арабија, а двата клуба ќе заработат прилично добри пари, но комерцијализацијата на настанот ги повредува ќерките на легендарниот Аргентинец, кој минатата година почина од срцев удар.

Проблемот е што посредник во договарањето на споменатиот натпревар беше адвокатот Матиас Морла, кој беше и еден од најблиските соработници на легендарниот фудбалер.

По смртта на Диего Марадона, силно искри врската помеѓу семејството Марадона и споменатиот адвокат. Матиас Морла управува со комерцијалните интереси на брендот Марадона, а ќерките на покојниот фудбалер го обвинуваат дека сака финансиски да профитира на сметка на нивниот татко.

„Ова е човек кој му пристапи на татко ми како обожавател и сега тврди дека е сопственик на неговиот имиџ, име и интелектуална сопственост“, неодамна изјави Далма Марадона за Матиас Морл, ставајќи до знаење дека таа и нејзината сестра го почитуваат настанот, но нема намера да оди на истиот.