Фудбал
„Kicker“ ги објави имињата на фудбалерите на Баерн кои го бојкотираат Коваќ
Според германскиот весник „Kicker“, моментално четворица првотимци на Баерн сакаат да замине тренерот Нико Коваќ.
Доколку се прашувате зошто Баерн игра слабо и зошто не победува, одговорот лежи во незадоволните минхенски ѕвезди, на кои не му се допаѓаат методите на работа на Коваќ и не сакаат тој да ги води.
Секако, не се сите играчи против Коваќ, но клучни се четворица кои ги објави „Kicker“.
Многумина веќе знаеа дека се работи за Матс Хумелс, Аријан Рубен, Френк Рибери и Томас Милер, кои очекуваат управата да преземе некои чекори и да го смени тренерот.
Дури и сопругата на Милер го критикуваше Коваќ, по ремито со Флензбург го критикуваѓе Коваќ кој тврдоглаво играше со формација 4-1-2-2-1, без никаков резервен план во случај на непожелен резултат.
Хасан Салихамиџиќ е голем пријател со Коваќ, но прашање е дали и тој може да му помогне на хрватскиот тренер кој се повеќе навивачи сакаат да со отиде од „Алианц Арена“. Ремито со Флензбург (1:1) повторно го разбуди критичарите , а погоре наведената четворка не се откажува од своите мисли да го смени Коваќ.
Баерн сега заостанува четири бода зад водечката екипа на Борусија Дортмунд, но доколку нешто не се промени за брзо, таа предност би можела да порасне, посебно ако се земиме предвид како игра Борусија оваа сезона.