Connect with us

Фудбал

Кимих: Лавандовски мора да нè почитува, не би бил тоа без нас

Десниот бек на Баерн, Кимих смета дека Роберт Левандовски очекува да го цение тоа што игра во таков клуб.

Левандовски долго време не е задоволен на Алијанц арена, неодамна истакна дека клубот не го заштити кога тоа беше потребно, што беше причина за шпекулации дека тој би можел да ги напушти Баварците.

На крајот, речиси сигурно ќе остане во клубот, но прашање е каков вид на односи има со своите соиграчи послем се.

” Честопати не спасуваше, но од друга страна, мора да разбере дека не би можел да ги постигне тие голови, без помош од другите играчи. Јас не би бил во можност да го направам тоа. Затоа, неопходно е да се покаже почит кон сите нас “, беше јасен Кимих.

Полскиот напаѓач пристигна во Баерн од Борусија Дортмунд во 2014 година и оттогаш е еден од најдобрите играчи во тимот. Тој постигна 155 гола во 197 натпревари.