Connect with us

Фудбал

Кин полуде по прославата на Хари Мегваер: „Срам да му е“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер вчера го постигна водечкиот гол за Англија во убедливата победа од 5:0 против Албанија.

Мегваер погоди за 1:0 во деветтата минута од натпреварот, а потоа го прослави голот ставајќи ги рацете на ушите и на тој начин сакаше да ги замолчи критичарите.

Ваквата прослава ја налути легендата на Јунајтед, Рој Кин, кој не може да поверува дека со месеци очајниот Мегваер го прослави голот на ваков начин.

„Ги стави прстите во ушите како да сака да ги замолчи критичарите. Срам да му е. Човекот е очаен со месеци во дресот на Манчестер Јунајтед и мисли дека ќе ги замолчи критичарите поради овој гол. Срамно“, изјави Кин.

Легендата на Арсенал, Јан Рајт, исто така смета дека ваквата прослава е непотребна.

„Не му требаше ова. Можеби и јас би направил вакво нешто, но во моментов не му треба затоа што има уште многу години професионален фудбал. Не давајте никому шанса да ви влезе во глава. Играј ја својата игра Хари“, рече Рајт.

Мегваер во минатото имаше неколку големи пропусти во дресот на Јунајтед и многумина веруваат дека не чини речиси 90 милиони евра колку што беше платен на Лестер.

Хари Мегваер од друга страна тврди дека не сакал да испрати порака никому и дека тоа било само прослава.

„Не испратив порака никому. Тоа беше само лизгање, ги ставив рацете на моите уши“, рекол Мегваер и додал:

„Јас сум капитен на Манчестер Јунајтед и секако дека сум под многу критики кога на тимот не му оди најдобро. Но, апсолутно нљ никој не е посветена оваа прослава“, изјави Мегваер.