Connect with us

Фудбал

Кинескиот проект пропаднал, Интер станува Баерн?!

Се чини дека кинеските сопственици на Интер, компанијата „Сунинг“ се откажува од италијанскиот тим. Но, од друга страна, не сакаат туку така да се откажат, односно да го продадат на било кој. Кинеската влада забрани вложувања на кинеските компании надвор од земјата до 2025-та година,  па поради тоа „Сунинг“ ќе се повлече.

Сега постои можност Масимо Морати да се врати, но само како малцински сопственик на акциите. Веројатно Интер ќе се гради по моделот на Баерн Минхен, каде што три големи германски компании се сопственици на мнозинскиот дел, а ќе има и неколку, поточно 20-тина помали акционери.

По примерот на Баерн, некоја легенда би била претседател на клубот, во овој случај Хавиер Занети. Би се нашле Италијанци, компании, кои се големи фанови на Интер и кои би биле акционери.

Но, сето ова ќе биде познато наскоро, бидејќи кинеските сопственици пред неколку дена ги стопираа преговорите со „БС Партнерс“, инвестициски фонд кој бил заинтересиран, но сепак немал конретни планови за иднината на клубот.