Фудбал
Кингсли Коман заврши на операција поради проблеми со срцето
Фудбалерите на Баерн ја победија Барселона во натпревар од Лигата на шампионите пред неколку дена, аминутажа запиша и Кингсли Коман.
Коман влезе во игра во второто полувреме и настапи против Барселона, но само неколку дена подоцна заврши во болница поради проблеми со срцето.
Баерн веќе некое време го следи здравјето на овој фудбалер бидејќи сфати дека има проблеми со срцето.
Откако беше заклучено дека Коман, покрај нормалното чукање на срцето, има и мало чукање на срцето, што му создаде проблем и го остави без здив, беше одлучено да се оди на операција.
Минхенскиот клуб потврди дека Коман вчера имал мала операција и дека се чувствува добро. Јасно е дека тој нема да игра утре против Бохум, а точниот датум на неговото враќање на терените се уште не е познат.
ℹ️ Kingsley #Coman wird dem FC Bayern im #Bundesliga-Heimspiel gegen den VfL Bochum nicht zur Verfügung stehen. Der Offensivspieler unterzog sich am Donnerstag einem kleinen operativen Eingriff am Herzen.
? https://t.co/58MxHxB88r#MiaSanMia #FCBayern
— FC Bayern München (@FCBayern) September 17, 2021
„Коман вчера имаше мала операција. Пулсот не беше точен бидејќи имаше дополнително мало отчукување на срцето што му правеше проблем. Ќе остане без здив во еден момент. Клубот ја следеше неговата состојба и заклучи дека му треба операција“, рече денес Јулијан Наглесман.
Коман досега одигра вкупно четири натпревари во сите натпреварувања за Баерн оваа сезона.