Connect with us

Други спортови

Кирјос е најталенитарниот тенисер во последната деценија

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро, стравува дека Австралиецот Ник Кирјос би можел да се елиминира самиот себе, доколку не го промени совјот став на теренот.

Австралиецот неодамна откри дека почнал да работи со психолог, односно со двајца психолози, еден додека е на теренот, а со другиот во домашни услови.

-Ник е најтелентираниот тенисер кој што сум го видел во последните десет години. Разликата меѓу него и мене е тоа што јас се тудев цело време. Тој не го прави  тоа од некоја само за него позната причина. Не можам да кажам кој е неговиот проблем, не сум Зигмунд Фројд, но би сакал да знам и да му помогнам. Тој е добро момче, но ќе се елиминира самиот себе доколку не го промени ставот, изјави Мекинро

Кирјос годината ја заврши на 35. место на АТП листата и осовена титула во Бризбеј. Често имаше проблем со повредите и пропушти многу тирнири. Меѓу останатите не се појави на Ролан Гарос, Индијан Велс и на мастерс турнирите на земјена подлога.