Connect with us

Фудбал

Кјаер за спасување на Ериксен: Јас не сум херој, секој би го направил тоа

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот на ЕП против Финска.

Фудбалерот на Интер падна на теренот, а тој беше спасен благодарение на брзата реакција на соиграчите и лекарите на теренот.

Симон Кјаер го извади јазикот на Ериксен додека лежеше на теренот, и така тој исто така учествуваше во спасувањето на неговиот соиграч.

Два месеци подоцна, Кјаер се сеќава на она што се случи на теренот.

“Тој момент засекогаш ќе остане дел од мене. Јас не сум херој, го направив она што морав и без премногу размислување. Секој би го направил истото”, рече Кјаер, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

“Важно е само дека Кристијан е добро. Нешто такво ми се случи првпат и се надевам дека последниот. Направивме се како тим и ќе го сториме истото за сите”, истакна Кјаер.

Кристијан Ериксен има инсталиран дефибрилатор, но нема да може да игра фудбал со овој уред во Италија.

Се очекува тој да го напушти Интер. Тој сака да ја продолжи кариерата и ќе го стори тоа некаде каде што му е дозволено да игра со дефибрилатор.