Connect with us

Кошарка

КК Гостивар и Перо Антиќ донираат 8 илјади евра за лекувањето на Стеван Гешовски – Гешо

Кошаркарскиот клуб Гостивар и неговиот претседател Перо Антиќ ќе обезбедат 8 илјади евра за лекување на Стеван Гешовски Гешо, кој што пред две години доживеа исхемичен мозочен удар.

Терапијата со матични клетки во Москва чини 17 илјади евра, до кои што на Гешо му недостасуваат уште 8 илјади евра, сума што ја обезбедат КК Гостивар и претседателот Перо Антиќ. Со овој хуман гест се надеваме дека ќе му помогнеме на Гешо да го врати животот што го имаше претходно, се вели во соопштението на КК Гостивар.

Како што се вели во нивното соопштение, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што најадекватна метода за лекување е терапија со матични клетки во Москва.