Connect with us

Кошарка

КК Куманово се откажа од БИБЛ лигата поради намалена финански поддршка од општината

Екипата на Куманово повеќе нема да се натпреварува во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ).

Кумановци преку соопштение информираа дека откажувањето на настапот во БИБЛ лигата е поради намалената финансиска поддршка од општината.

Воедно од клубот најавуваат дека целосно ќе се насочат кон настап во Првата македонска лига.

„Ве информираме дека КК Куманово нема да продолжи да се натпреварува во Балканската БИБЛ лига од оправдани причини. Поради намалување на финансиската поддршка од страна на Општина Куманово, клубот не е во можност да ги подмири тековните трошоци за натпреварување во оваа лига, за што искрено жалиме. изјави клубот.