Connect with us

Кошарка

Кливленд преку Мајами до 9.триумф во серија, Леброн доби исклучување, за прв пат во кариерата

Кливленд ја прослави и деветтата НБА победа во серија, победувајќи го Мајами со 108-97. Дилемата за победникот беше решена уште во првиот дел, по одличните две четвртини, по кои Вицепрвакот создаде убедливо водство на паузата од 26 поени разлика. Кевин Лав предводеше со неверојатни 38 поени, дополнети со 9 скока, а Леброн Џејмс за прв пат во кариера заработи исклучување и тоа против својата поранешна екипа. До тој момент реализира 21 кош, со 12 скока и 6 асистенции, пишува 24 ТВ.

На останатите натпревари, Феникс на гости го совлада Мајами 104-99, а на гостински победи се радуваа уште и Вашингтон во Минесота 92-89 и Милвоки во Сакраменто 112-87. И Јута пред домашната публика го доби Денвер 106-77.