Connect with us

Фудбал

Клоп е главниот виновник за пропаѓањето на трансферот на Фекир во Ливерпул

Францускиот репрезентативец, Набил Фекир својата кариера нема да ја продолжи во дресот на Ливерпул. Лион вчера објави дека преговорите пропаднаа во последниот момент.

Веќе со недели се зборуваше за тоа дека Фекир кариерата ќе ја продолжи на Енфилд и се чинеше дека работата тука е завршена. Меѓутоа, како гром од ведро небо синоќа се појавила веста од Лион дека трансферот пропадна и покрај тоа што Фекир ги договорил сите услови со англискиот клуб.

Од Лион не ја открија причината зошто трансферот пропадна така изненадно, но кажаа дека со задоволство ќе ги разгледаат останатите понуди за овој фудбалер. Иако Ливерпул направи се за да го донесе Фекир во своите редови, по се изгледа дека на Енфилд во последен момент одлучија дека тоа нема да го направат.

Како што пишуваат англиските медиуми, во Ливерпул сфатиле дека е ризично да го доведат Фекир кој има незгодна повреда на коленото, па бараа од Лион да ја спуштат цената. Сепак, се чини дека голема улога во сето ова има одиграно Јирген Клоп, кој попрво во своите редови би го донел Марио Геце наместо Фекир.

Наводно, Клоп веќе изразил желба на Енфилд да дојде Геце, со кој соработуваа во Борусија Дортмунд, а и самиот фудбалер изјави пред неколку дена дека е заинтересиран повторно да работи со Клоп. Изгледа дека најголемиот губитник од сето ова на крајот е Набил Фекир.