Connect with us

Фудбал

Клоп: Хендо го заслужува тоа и тој ќе го подигне пехарот

Џордан Хендерсон ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, но капитенот на Ливерпул ќе биде таму за да го крене трофејот.

Тој нема да биде таму за преостанатите натпревари, но Џордан Хендерсон ќе го крене пехарот шампион во Премиер лигата.

“Моментот кога сфативме дека повредата е посериозна беше навистина тежок. Хендо е, како што би ви рекол, во Германија би рекле животно. Тој се бори против сè. Ако чувствува болка, ќе се бори против тоа, тој нема да му каже на никого. Но, види. На видовме дека се случи нешто што не требаше да се случи. Сосема го загуби расположението. Момчињата не знаеја што се случува. Среќни сме за победата, но за нас беше тешко поради неговата повреда”, рече Јирген Клоп.

“Тој заслужува да го крене пехарот и ќе го крене. Нема да биде потребна никаква операција и тоа е добра вест и ќе видиме што ќе правиме во иднина. Но, кога ќе организираме сè околу пехарот, Хендо ќе биде оној што ќе го крене пехарот” , додаде Клоп.