Connect with us

Фудбал

Клоп ќе полуди по одлуката на ФА

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Пикфорд го повреди Вирџил ван Дајк со страшен старт на дербито Евертон-Ливерпул во саботата, а стоперот на „црвените“ ќе мора да паузира скоро до крајот на сезоната. Да бидат работите уште полоши за „црвените“, Пикфорд не доби ниту жолт картон за неговиот страшен старт, бидејќи Ван Дајк беше во офсајд порано во таа акција.

Ливерпул апелираше, сметајќи дека Пикфорд мора последователно да биде казнет, ​​но ФА потврди дека нема да има дополнителни казни за првиот голман на англиската репрезентација и Евертон.

Со оглед на тоа што и судијата и ВАР оценија дека Пикфорд не треба да биде казнет, ​​англиската фудбалска асоцијација исто така оцени дека нема потреба од дополнителни активности.

Тоа ќе ги налути сите на „Енфилд“, а особено тренерот Јирген Клоп, кој претходно изјави дека ФА треба да донесе дополнителни казни поради судиски пропусти за време на дербито на „Гудисон Парк“.