Connect with us

Фудбал

Клоп му одржал животна лекција на Лампард: „Тој сè уште треба да учи …”

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го коментираше несоодветното однесување на Френк Лампард.

Црвените го совладаа Лампард и Челси со 5: 3 во 37. коло од англиската Премиер лигата, а тој пораз не му одеше добро на тренерот на Плавите и по натпреварот истури „дрвја и камења“ кон Клоп и Ливерпул.

Снимките на Лампард како вика кон Клоп за време на натпреварот се појавија и на социјалните мрежи. После дофрлувањето од клупата на Ливерпул, Лампард му рече на Клоп, „Не те прашувам ништо. Замолчи, е*и се“, што овој го коментира за време на денешната прес-конференција.

Клоп рече дека го разбира однесувањето на Лампард и дека ја почитува неговата страст кон фудбалот, и тој одговорил на сè – со животна лекција.

„Ние не сме арогантни како што мисли. Јас почитувам дека Лампард е конкурентен, тој е конкурентен, но за мене приказната за играта завршува штом судијата го означи крајот. Тоа е она што треба да го научи. Тој не се држеше до тоа, но тој е млад тренер , тој има многу време пред него. Сè запре по последниот свиреж на судијата“, рече Клоп.

Германецот беше запрашан и за трансферот на Дејан Ловрен во Зенит за што сè повеќе се шпекулира, но тој не сакаше да зборува за тоа, како и за можните трансфери во клубот.