Фудбал
Клоп откри кога ќе го напушти Ливерпул
Во интервју за SWR, Јирген Клоп откри колку долго има намера да остане во Ливерпул.
Харизматичниот германски стручњак дојде на „Енфилд“ во 2015 година, откако претходно успешно ја предводеше Борусија Дортмунд, а во Ливерпул успеа да го постигне она за што дојде.
Со освојувањето на Лигата на шампионите, тој го врати Ливерпул во самиот врв на европскиот фудбал, а по 30 години чекање, тој му донесе титула шампиони на Англија. Поради овие резултати, тој стана бесмртен меѓу навивачите.
Многумина се прашуваат колку долго Клоп ќе го предводи Ливерпул, а сега конкретниот одговор на тоа прашање го даде самиот тој.
“Ќе бидам во Ливерпул уште четири години. Така трае мојот договор. После тоа дефинитивно нема да правам ништо за една година, а потоа сè е можно. Можеби ќе преземам клуб или репрезентација. Можеби ќе ја прекинам кариерата затоа што светот може да изгледа сосема поинаку за пет години”. рече Клоп.
На прашањето каде има намера да живее по завршувањето на кариерата, Клоп рече дека станува збор за Мајнц, каде порано бил играч и тренер.