Фудбал
Клоп по победата против Лајпциг: Многумина очекуваа да се лизнеме повторно
Ливерпул славеше со 2:0 против Лајпциг, па се чини дека со едната нога е во четвртфиналето од ЛШ. Со оглед на тоа дека во Премиер лигата Ливерпул врза три порази во низа, веројатно Јурген Клоп е во право кога вели дека многумина очекувале нов пораз.
Натпреварот се играше во Унгарија поради рестрикциите на Германските власти за патници од Велика Британија поради новиот сој на коронавирусот.
– Многу од луѓето од нас очекуваа да се лизнеме повторно поради ситуацијата, но момците не го сторија тоа. Не верувам многу во мотивацијата за да им се докаже на луѓето дека грешат, но мислам дека сите очекуваа повторно да ни биде тешко, вели Клоп кој е задоволен од победата.
Инаку, триумфот го обезбедија Мухамед Салах и Садио Мане кои постигнаа по еден гол.