Connect with us

Фудбал

Клоп: Понекогаш е потребна екстра мотивација за играчите

Ливерпул синоќа го победи Кристал Палас и се најде во групата на шест екипи со максимални шест бода по првите две рунди во Премиер лигата. Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп е задоволен од играта на своите избраници, но додаде дека во одредени моменти им требаше дополнителна мотивација.

– Во одредени моменти играчите немаат доволно „гориво“ па добро е да слушнат од тренерот: Трчај или ќе те убијам! Тогаш тие ќе одговорат со фантастичен напад, вели Клоп.

Германскиот стручњак очекува тимот уште да го подигне нивото на играта.

– Знам дека треба да играме многу подобро, но денес сум апсолутно среќен со она што го видов, истакна Клоп.

Ливерпул го победи Кристал Палас со 2:0 со головите на Милнер и Мане.