Connect with us

Други спортови

Кое е момчето кое освои златен медал на ОИ во Париз, а претходно се појавил во култната серијата „Игра на тронови“?!

Ирскиот пливач Даниел Вифен освои златен олимписки медал пливајќи го новиот олимписки рекорд на 800 метри слободно, а малку е познато дека се појавил во култната серија „Игра на тронови“. Вифен стана првиот олимпиец од Ирска кој го освоил олимпиското злато за својата земја, а откако постигнал голем успех, брзо бил баран.

Така беше откриено дека тој се појавил во серијата „Игра на тронови“ и во една од најлегендарните епизоди на серијата „Дождовите на Кастамер“, која го прикажува она што се случило на „Црвената свадба“.

„Навистина не знаев ништо за „Игра на тронови“ кога бев помлад. Моите родители не ми дозволуваа да го гледам, но претпоставувам дека татко ми го гледаше цело време, а потоа сестра ми Елизабет имаше навистина добар дел.

Таа беше една од ќерките Фреја (Нејела Фреј, внука на лордот Валдер Фреј)“, се сеќава Вифен.