Connect with us

Фудбал

Кое е момчето кое синоќа ја „тероризираше“ Барселона, им даде три гола, а игра за третолигаш (ВИДЕО)

Барселона со многу мака се пласираше во следната рунда од Купот на кралот, која на гостински терен тесно го совлада третолигашот Интер Сити. И тоа дури по продолженија при резултат 4:3. Јунакот на осминафиналето од Купот на Кралот не беше еден од играчите на Барселона, туку левоногиот играч од средниот ред на Интер Сити, Ориол Солдевила. Со храброста на теренот го полуде тренерот на гостите Чави. Она што е особено интересно е фактот што 21-годишниот фудбалер две години од своето фудбалско образование ги помина во Ла Масија, познатата младинска академија на Барселона.

По неуспешната мисија во Барселона, Ориол Солдевила се испроба во Англија со Бирмингем во Чемпионшип. Но, бидејќи таму не правеше ништо две сезони, минатото лето се врати во Шпанија и игра за Интер Сити. Тој очигледно имал посебна мотивација против Барселона, а пред натпреварот изјави дека негов најдобар пријател е Арно Тењас, резервниот голман на Каталонците.

Од почетокот на сезоната Ориол Солдевила постигна само еден гол, а синоќа три пати ја погоди мрежата по головите на Араухо, Дембеле и Рафиња за Барса. За жал, тој немаше одговор на голот на Ансу Фати во 104. минута, за конечни 4:3.