Connect with us

Кошарка

Кога го видов Мајкл Џордан, како да го запознав Господ!

Многумина сметаат дека Леброн Џејмс и Мајкл Џордан се двајцата најдобри кошаркари на сите времиња и покрај големата конкуренција. Но, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс во американските медиуми откри како се чувствувал кога првпат го запознал Џордан. Оваа средба се случила во 2001 година кога „кралот“ имал 16 години, а Џордан дури 38 години.

  • Тоа беше неверојатно. Го повторував постојано, се чувствував како да го запознав Господ. Така се чувствуваше речиси секој клинец кој ќе го запознаеше големиот Мајкл Џордан, вели Џејмс.

Џејмс наскоро ќе наполи 34 години, а во моментов се наоѓа на 460 поени разлика од Џордан, кој е на четвртото место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. Џејмс во текот на кариерата го носеше бројот 23, за да му даде почит на својот идол од детството.

  • Џордан ја направи кошарката глобален спорт – поради тоа што тој беше таква ѕвезда, па многу луѓе сакаа да го гледаат. Тој ја одбележа таа епоха. Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мајкл Џордан допринесоа оваа лига да се развие и воедно ја направија кошарката глобален спорт, кажа Џејмс.

Што се однесува до новите натпревари во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, токму Леброн нема да по добро да го памети дуелот против Вашингтон, откако „езерџиите“ загубија со 128:110. Фантастична претстава имаше Џон Вол кој запиша дабл – дабл од 40 поени и 14 асистенции, додека на спротивната страна Леброн забележа само 13 коша.

Резултати: Бруклин – Атланта 144:127, Кливленд – Филаделфија 105:128, Индијана  – Њујорк 110:99, Вашингтон – ЛА Лејкерс 128:110, Далас – Сакраменто 113:120, Ну Орлеанс – Мајами 96:102, Денвер – Торонто 95:86.