Connect with us

Други спортови

„Кога и да изгубам, ме праќаат во пензија“

Британскиот тенисер Енди Мареј минатата година ја оствари својата прва победа на АТП турнирите по завршувањето на УС Опен.

Мареј славеше по пресвртот против холандскиот тенисер Робин Хасе, а по мечот рече:

„Играв два и пол часа и немав никакви проблеми. Не чувствував ништо. Секојпат кога губам, ме испраќаат во пензија. После секој пораз ми велат да се повлечам, да престанам да играм. Ми велат дека немам што повеќе да понудам во тенисот. Тешко ми е, играм со метален колк. Сите се сомневаат во мене. Нема да ми биде воопшто лесно“, рече Мареј на прес-конференција.

Следниот натпревар во Ротердам се игра во среда.